ВИРУСНИ ИНФЕКЦИИ И АРОМАТЕРАПИЈА
ГРИП
Лечењето
на вирусните инфекции е сеуште тежок и нерешен проблем. Лечењето на
грипот е уште потешко и покомплексно. Конвенционалната медицина нуди
многу малку лекарстава кои би ги лечеле вирусните инфекции. Наместо тоа
нуди средства за ублажување на симптомите на болеста со помош на лекови
кои ја намалуваат високата телесна температура, ја ублажуваат болката,
или го спречуваат течењето на носот. Мегутоа ниедна од овие процедури,
всушност не ја лечи болеста. Оваа ,, процедура,, му препушта на
пациентот сам со сопствените сили да ја победи болеста. Ако овие сили се
ослабени или угрозени од постоењето на други болест или прекумерната
употреба на антибиотици, тогаш грипот може да потрае многу подолго, со
потежок тек и со возможни озбилни последици. Наспроти на ова, лечењето
на вирусните инфекции, а особено на грипот со помош на ароматерапијата е
засновано на потполно други принципи.
- Најважниот принцип е тој да етеричните масла поседуваат директни антивирусни својства со кои ги инактивираат вирусите.
- Вториот принцип се состои од тоа да етеричните масла ја менуваат пх средината и електричниот отпор на начин кој е неповолен за вирусите, со што се нарушува способноста за нивниот развој.
- Последниот, но и не најмалку важниот принцип е да сите антивирусни етерични масла го зголемуваат нивото на имуноглобулинот А и со тоа ја зајакнувааѕ способноста на организмот да ја победи болеста.
No comments:
Post a Comment