Monday, June 17, 2013

Ароматерапија за подобар сон

 

http://www.dormeo.com.mk/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B5%D0%BE/%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D0%BD/%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%80-%D1%81%D0%BE%D0%BD.htm

Ароматерапија за подобар сон

Лаванда

Ова е едно од најпопуларните есенцијални масла. Тревката можете да ја растете и во сопствената градина. Се работи за грмушкасто растенија со бледи виолетови листови, што цвета во текот на целото лето. Есенцијалното масло можете да го користите за подготовка на бања или со распрснувач, за да ја раширите аромата низ целата соба.

Камилица

За правење на одличното терапевтско есенцијално масло се користат само цветовите од ова растение. Чајот од камилица се користи за смирување на желудникот, но кога станува збор за ароматерапија, камилицата е најпогодна за оние што страдаат од несоница. Има овошен и малку сладок мирис.

Сандаловина

Овој мирис навистина се добива од сандалово дрво. За да се добие правилниот интензитет на есенцијалното масло, дрвото од коешто се добива мора да биде старо најмалку 40 години, а колку е постаро, толку маслото ќе биде подобро. Ова есенцијално масло е одлично за смирување, намалување на стресот и целосно опуштање.

Есенцијалните масла можете да ги користите засебно, но и да правите комбинации од нив (во тој случај ќе Ви биде потребно базно масло – масло во кое ќе ги мешате сите масла). Откако ќе го имате маслото со мирисот што најмногу Ви одговара, одберете метод за разнесување и започнете со активното опуштање и одмарање.


No comments:

Post a Comment